Лидерски Тим star

 


„Браќа и сестри по род, да ги зарамниме еднаш засекогаш длабоките бразди, на делби и омрази: Во омразата нема ни иднина ни надеж! И вие сите други браќа и сестри, кои судбината ве принудила да живеете на овој простор, заедно со нас, вклучете се во нашето единство, зошто заедно секогаш ќе бидеме посилни и појаки, пред евентуалниот непријател и обратно, зошто желбата на непријателот е таква. Значи, само здружени и со меѓусебна доверба, ќе бидеме секогаш и секаде посилни“
Петре М. Андреевски

Доколку одлучите да го послушате Петре М. Андреевски и да се вклучите во нашето единство,
Ве молиме пополнете ја формата за Анкета/Пристапница

Доколку сакате да бидете и дел од лидерскиот тим, Ве молиме испратете ни и
Ваша слика, биографија и линкови од Facebook и LinkedIn на contact@integra.org.mk

Проф. д-р Љупчо РИСТОВСКИ

▸ Доцент (професор) на Политички науки и Политички системи; Разрешување на конфликти и Регионална и меѓународна безбедност
▸ Доктор по политички науки и Доктор по теологија со завршени докторски студии по теологија во САД
▸ Дипломиран економист – економска политика и развој
▸ Претседател и Соосновач на Институт за доблесна и вредносна политика ИНТЕГРА
▸ 15 години институционална меморија на разни раководни позиции во Владата на Република Македонија во професионалниот дел на администрацијата, од кои 10 години државен советник за анализа на политики и координација
▸ Автор на повеќе книги: Политичка визија – Вредносен модел на политички поредок, Тајната на просперитетните нации, Најдоброто за Македонија, Демистификација на догмата, Анализа за абортусот, …

Организациска структура

Политички тим (12+12)

Стратегиски совет (12+12)
(Не се нужно партиски членови и функционери, од дијаспората и од дoма)

Организациски тим (12+12)

Eтички совет
(Не се нужно партиски членови и не смеат да имаат друга партиска функција.
Етичкиот совет ќе дава мислење, совети, насоки и инструкции,
но и критички забелешки во насока кон морална хармонизација
на политичките одлуки, програмските цели, стратегии и политики.)

Лидерски Тим

Вклучете се во нашето единство
со пополнување на формата за Анкета/Пристапница

Доколку сакате да бидете и дел од лидерскиот тим, Ве молиме испратете ни и
Ваша слика, биографија и линкови од Facebook и LinkedIn на contact@integra.org.mk

Дипл. инж.
Александар Гиговски

  • Проект менаџер во странска консултанска компанија
  • Дипломиран Земјоделски Инженер на Факултет за Земјоделски науки и храна, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • Консултант на проекти за Земјоделство и рурален развој при МЗШВ

Проф. д-р
Александар Главинов

  • Универзитетски професор
  • Доктор на технички науки

Проф. д-р
Ана Селамовска

  • Вонреден професор на Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
  • Била член на комисијата за автохтони сорти, на комисијата за трговија со овошје и други комисии
  • Автор е на неколку книги, монографија и на голем број научни публикации

Дипл. инж.
Ангел Димоски

  • Дипломиран инженер по компјутерски науки
  • Во завршна фаза на магистерски студии по информатички науки и комуникациско инженерство
  • Објавени три научни трудови во светски научни списанија
  • Работно искуство во софтверска компанија во Скопје и ИТ инженер во фабриката 11 Октомври “Еурокомпозит” АД Прилеп

Проф. д-р
Аристотел Тентов

  • Докторирал на компјутерски науки (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за електрично инженерство – Скопје)
  • Редовен професор на Факултет за електрично инженерство, оддел за компјутерски науки
  • Автор или ко-автор на повеќе од 20 научни трудови, симпозиуми и списанија.
  • Автор или ко-автор на повеќе од 20 технички извештаи и проекти.

м-р Беџо Ликароски

  • Завршил правен факултет и постдипломски студии на правниот факултет во Белград
  • Има положен правосуден испит и испит за јавно и приватно партнерство
  • Работел како наставник и правен советник во секратаријатот за индустрија и трговија во Македонија
  • Во Белград работел како началник на правна служба во секретаријатот за инспекциска работа како и директор, ликвидациски управник и претседател на неколку јавни претпријатија

Дипл. проф.
Блажо Панов

  • Дипломиран професор по Физичка култура и спорт, ДИФ – Скопје
  • Дипломирал на Вишата школа за фудбалски тренери во Белград
  • UEFA B – UEFA A лиценца, FSJ-FSS – Белград
  • UEFA PRO лиценца, Москва – Русија
  • Специјализации во Парма, Милан, Црвена Звезда, Пелистер, ЦСКА Москва, …
  • Работел како фудбалски тренер и шеф на стручен штаб во ФК Тиквеш и ФК Победа
  • Академија за фудбал ESSTA TRIGERS, Флорида – САД

Бобан Арсовски

  • Сопственик на НИ-ДА Компани, Куманово
  • Администратор во американската компанија KBR

Божидар Миљовски

  • Стратегиски мислител
  • Архитект инженер на мега проекти низ светот
  • Повратник од САД после 30 години, бизнисмен

Бранко Коцески

  • Дипломиран педагог и предметен наставник во повеќе места во Македонија
  • Дописник на Нова Македонија и соработник на педагошкото списание „Просветен работник“
  • Коавтор на „Граматика за четврто одделение“ и на делото „Карактеристики на знаење и умеење во наставните содржини“

Бранко Попчевски

  • Самостоен уметник
  • Композитор
  • Режисер
  • Продуцент

Ване Тасевски

  • Дипломиран теолог и економист
  • Сопственик и управител на приватен бизнис

М-р Васил Вангеловски

  • Магистер на машински науки
  • Потпретседател на НВО комисија за менаџирање проекти
  • 30 години работно искуство на разни позиции во МО и АРМ (одбрамбена индустрија и логистика)
  • Повеќегодишно искуство во НАТО (ИСАФ Мисија во Кабул, Авганистан; заменик командант на бригада KMNB IX)
  • Долгогодишен член на НВО за стандардизација и менаџмент со квалитетот (МОКС, АОТС Македонија/Јапонија и др.)

Виктор Трифуновски

  • Економист
  • Претприемач
  • Поранешен колумнист
  • Претседател и основач на Либертаријанскиот клуб „Атлас“ – Скопје

Виктор Хаџиевски

  • Дипломиран економист
  • Работел во Комерцијална банка А.Д. Скопје
  • Повеќе од 30 годишно банкарско искуство од областа на девизно работење со странство

Проф. д-р
Виктор Христовски

  • Доктор на технички науки во земјотресно инженерство
  • Редовен професор во УКИМ ИЗИИС Скопје (Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија)
  • Учествувал во многу научни и меѓународни проекти
  • Негови материјали се објавени на голем број конференции и симпозиуми

Виолета Арсовска

  • Дипломирала на Филозофскиот факултет – отсек Историја на уметност со археологија
  • Вработена во Државна статистика во Куманово
  • Учествувала на голем број конференции и проекти во земјава и надвор
  • Одличен аналитичар, статистичар и голем борец за човекови права

Дипл. инж.
Владимир Јакимов

  • Софтверски инженер, првенец на генерацијата и студент на годината
  • Сосопственик на Асидус ДОО Битола
  • Волонтер и активист за одржлив развој и заштита на природата
  • Бројни национални и меѓународни награди (Бронзен медал од светска олимпијада по математика)

М-р Владо Андоновски

  • Магистер по јавна администрација и менаџмент
  • Дипломиран политиколог – меѓународни односи и дипломатија (меѓународна економија) – Меѓународен Универзитет Шилер
  • Сопственик на приватен бизнис
  • Поранешен службеник во Кабинетот на Претседателот Борис Трајковски
  • Поранешен раководител на продажба во компанијата Сивус

Влатко Василески

  • Дипломирал на Филозофски Факултет, група историја
  • Пензиониран инспектор по безбедност во МВР
  • Активен спортист и поборник за екологија

Воислав Зафировски

  • Дипломиран правник, насока безбедност
  • Работел како асистент на Катедрата за полициски науки
  • Бил главен инспектор во Внатрешна контрола и во Секторот за обезбедување имоти и лица
  • Бил Портпарол на МВР и помошник министер за Внатрешна контрола и професионални стандарди
  • Автор е на неколку книги и прирачник како и на бројни публикации од областа на заштита на човековите слободи и права, реформите во полицијата и кривичната постапка
  • Изготвува анализи на безбедносните случувања во нашата држава

Горазд Чаповски

  • Музички композитор во култната група МИЗАР
  • Студирал музичка продукција на Универзитетот Монаш во Австралија
  • Колумнист, координатор со дијаспората, повратник од Австралија

Дипл. инж.
Горан Стојчески

  • Дипломиран инженер по информатика
  • Сопственик и управител на BMG Universe
  • Член на Менса Македонија

Гордана Петрушевска

  • Дипломиран економист
  • Менаџер во приватен сектор

Грозданка Наумовска

  • Дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје
  • Шеф на Оддел за превенција и планирање во Дирекција за заштита и спасување – Влада на Република Македонија
  • Поранешен поручник во Армијата на Република Македонија

М-р Даниел Илиески

  • Магистер на еколошки науки
  • Основач и управител на приватна фирма
  • Дипломирал филмска и телевизиска режија во Благоевград

Дејан Трипчев

  • Програмски контролор и камерман во Канал 10 (шведска национална христијанска телевизија)
  • Угостителско работно искуство на прекуокеански бродови

М-р Дивна Јанкова

  • Психолог во средно училиште
  • Тренер за тренери за медијација и психосоцијална рехабилитација
  • Oбучувач на кандидати за директори во основни и средни училишта, ученички домови
  • Завршени обуки на Стенфорд, како и во Ирска, Италија и Словенија
  • Aктивист за човекови права, ненасилна комуникација и меѓуетничка интеграција
  • Коавтор на прирачници за обука на директори и за медијација

Дипл. град. инж.
Дубравка Ристеска

  • Дипломиран градежен инженер – Градежен факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
  • Вработена во градежна фирма во Скопје

Ѓоко Тасевски

  • Технички директор на фудбалскиот клуб BRSC (Braden River Soccer Club) во Флорида, САД
  • Сопственик на школата за голмани „Goalkeeper World“ во САД
  • Директор на Genuity Sports Group
  • Се стекнал со повеќе сертификати и со УЕФА А Лиценца

Проф. м-р
Жана Димчевска

  • Професор на Факултетот за музичка уметност (ФМУ)-Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”(УКИМ) каде што и го оформила своето образование
  • Награда за повеќегодишна успешна работа од здружението на “Музички и балетски педагози на Република Македонија”
  • Поранешен продекан на ФМУ

Златко Блажески

  • Дипломирал Дипломатија и меѓународна политика – ФОН Универзитет Скопје
  • Оперативен директор во Pro Architectural LLC, Њу Џерси, Америка
  • Поранешен Проектен Менаџер во ЕMSА ENERGY
  • Има сертификат за инсталација на соларни панели од Институтот за технологија во Њу Џерси (NJIT)

М-р Зоран Ивановски

  • Сопственик на Blackwater Logistics LLC, САД
  • Магистрирал на ЕТФ Скопје на тема Алтернативни зелени извори на енергија
  • Работи како логистика на нафтените полиња во нафтениот басен Бакен

Зоран Ристески

  • Советник – Државен просветен инспектор

Игор Матески

  • Основач и извршен директор на WebMaxFormance
  • Дипломирал на систематска теологија во Хрватска
  • Студирал машинско инженерство во Скопје и Осијек

Илија Аврамовски

  • Раководител на возен парк на Тинекс

Д-р Ирена Динова

  • Специјалист по Примарна здравствена заштита
  • Началник на Оддел за медицинска обука, Военомедицински центар, Скопје
  • Доктор на медицина, Воена амбуланта, Воена болница, Скопје

М-р Ирена Павлова

  • Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет во Скопје
  • Слободен уметник (поетеса, прозаистка, есеистка)
  • Книжевна критичарка, преведувачка
  • Нејзините дела се преведени на повеќе јазици
  • Добитник е на неколку домашни и странски награди за литература

Исмаил Ибески

  • Сопственик на преработувачки капацитет за преработка на мермер, оникс и травертин во финален производ

М-р Јадранка Урдаревски

  • Магистер на Факултет за ликовни уметности, отсек вајарство
  • Автор е на повеќе самостојни изложби и учествувала на бројни групни изложби, ликовни инсталации и колонии
  • Работела како Уредник на културна редакција и била водител на повеќе информативни тв програми
  • Била професор по ликовна култура во основно училиште

Јане Вангеловски

  • Дипломиран Економист
  • Основач и сопственик на Еуро Балкан Логистика
  • Работел како авионски карго агент, комерцијален референт, раководител на подружница, комерцијално-царински раководител
  • Бил член на повеќе комисии и работни групи
  • Искусен во продажба на мало и на големо и има добро познавање на домашниот пазар во двата сегмента

М-р Јованчо Спироски

  • Магистер по електроника
  • Претприемач
  • Дизајнер и иноватор на електронски уреди и системи
  • Добитник на бројни награди за дизајн и иновација на меѓународни саеми

Катерина Тасевска

  • Дипломиран педагог
  • Вработена во основно училиште како одделенски наставник
  • Била учесник на многубројни обуки и семинари од областа на педагогијата и психологијата

Д-р Кирил Ќорнаков

  • Стоматолошки факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
  • Добитник на наградата „Мединова“ 1995
  • Вработен во јавни здравствени домови на различни локации во Словенија
  • Вработен и во сопствена приватна ординација во Мурска Собота

Д-р Лидија Ристовска

  • Сосопственик на Поликлиника АСКЛЕПИОС
  • Специјалист-интернист, супспецијалист-кардиолог

Љупчо Ангелов

  • Дипломиран драмски уметник
  • Актер
  • Доајен на македонското глумиште

Марија Тодоровска

  • Дипломиран јавен администратор
  • Работи како администратор, референт за продажба и заменик управител
  • Дипломирала на Факултет за администрација и бизнис, информатички системи при универзитетот Св”Климент Охридски”-Битола

Дипл. инж.
Марјан Веселинов

  • Дипломиран Инженер по Електротехника (Електро-енергетика)
  • Основач, менаџер и управител на ДПИПУ Електро Про Инженеринг ДОО, Скопје

Дипл. инж.
Марјан Стефаноски

  • Дипломиран инженер по Електротехника (КТИА)
  • Основач и управител на ИЛА СОЛУТИОНС ДООЕЛ Скопје

Проф. д-р
Марина Малиш Саздовска

  • Доктор на социолошки науки
  • Магистер од областа на криминалистиката
  • Работела како раководител на Катедра за криминалистика на Факултет за безбедност-Скопје
  • Била Продекан на Факултетот за безбедност-Скопје и в.д. директор на Полициска Академија-Скопје
  • Автор е на голем број монографии, прирачници и трудови од областа на криминалистиката
  • Има учествувано на голем број меѓународни собири, стручни здруженија и комисии

М-р Миле Гиновски

  • Завршил постдипломски студии од областа на Криминологијата, на Правниот факултет во Скопје
  • Работел во Министерството за правда и во Министерството за образование и наука
  • Автор на повеќе од 20 научни трудови објавени во домашни и странски списанија
  • Автор на брошури, училишни програми, повеќе колумни и неколку книги
  • Активно учествувал на неколку интернационални конгреси, симпозиуми, конференции и семинари како и во повеќе национални комисии, работни групи и тела

Генерал Миле Манолев

  • Генерал и воен пилот
  • Македонски амбасадор во Египет
  • Генерален директор на цивилна авијација
  • Претседател на НВО центар за безбедносни политики

М-р Михајло Свидерски

  • Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Основач и уредник на издавачката куќа Восток од Битола
  • Автор е на неколку збирки поезија и проза

М-р Ненад Стамболиски

  • Магистер по дизајн и мултимедија
  • Извршен директор на „New Solution“
  • Работел дизајн и мултимедиа за „SWISS WEB WORK“ во Швајцарија
  • Работел и како уметнички директор на Тв. Нова, креативен директор, промо дизајнер во МРТВ и асистент на ФОН Универзитетот

М-р Олгица Михајловска Симиќ

  • Инженер по енергетика (ФЕИТ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“)
  • Статистички планер во ЕСМ
  • Електротехнички инженер во АД ЕЛЕМ
  • ИТ Администратор во Министерство за образование и наука

Дипл. инж.
Оливер Кузмановски

  • Дипломиран машински инженер
  • Менаџер за планирање во Atkins Rail, Англија
  • Работел како менаџер и контролор во повеќе од 10 компании во Англија и Австралија

Павлина Черепналковска

  • Дипломиран економист
  • Поранешен претседател на Алфа Банка
  • Работела и како шеф на служба, директор на дирекција и помошник на генералниот директор на Алфа Банка

Петар Стојковски

  • Дипломиран менаџер по осигурување

Ристо Соколовски

  • Вработен во М-НАВ (Македонска навигација)

Сашко Јованов

  • Главен инженер за производство
  • Завршил на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на отсекот преработувачко металуршко инженерство
  • Има завршено обуки во Италија
  • Поседува одлични организациски способности како и големо искуство со тимска работа

Д-р Силвана Михајловска Масловариќ

  • Доктор во итна медицинска помош

Проф. Силвана Чемберс

  • Професор на Универзитетот „Salisbury“ во Мериленд (САД)
  • Поддржувач на средношколски програми за претприемништво во Делчево и Куманово
  • Член на локални иницијативи во Мериленд за финансиска писменост и борба против сиромаштијата

Д-р Славица Гаџова Свидерска

  • Доктор на филолошки науки
  • Дипломирала како филолог по општа и компаративна книжевност (научна насока)
  • Добитник на многубројни награди и признанија од областа на книжевноста
  • Има издадено голем број на научни монографии, поезија, како и книжевни преводи

М-р Слободан Томиќ

  • Магистрант на дипломатија при Меѓународниот универзитет
  • Дипломиран правник – отсек европско право, применета политика и дипломатија
  • Долгогодишен новинар и автор на повеќе тв проекти, интервјуа и емисии меѓу кои Гласот на народот
  • Добитник на годишната награда 14 ноември на општина Ѓорче Петров

Стевче Чрчев

  • Завршил Музичка академија Н.Б.У. – Софија
  • Дипломирал на Универзитет за аудиовизуелни уметности Европска Филмска академија ЕСРА – Скопје
  • Добитник е на повеќе награди и достигнувања од областа на музиката

М-р Стефан Крстевски

  • Магистер по организациски науки и управување
  • Дипломиран физиотерапевт, Медицински факултет – Скопје, при УКИМ – Скопје
  • CERTIFIED COMPLIANCE SPECIALIST, Академија за банкарство и информатичка технологија (АБИТ)
  • Тренер за персонален развој (коучинг) и НЛП практичар
  • Член на Македонска Асоцијација на Човечки Ресурси

Акад. д-р Стојан Велкоски

  • Два докторати во областа на природните науки
  • Директор на Институт за Геобиологија, Археологија, Подземни води и Екологија
  • Член – Академик на БАНИ (Бугарска Академија на науките и уметностите)
  • Почесен член на меѓународната Академија на уметности во Париз
  • Член на Сојузот на научници на Бугарија
  • Автор на 3 книги, 84 научни трудови, 8 иновации и патенти како и 4 признати природни откритија

Проф. д-р Страшко Стојановски

  • Докторирал на Филозофскиот факултет – Институт за Социологија
  • Вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев„ – Штип
  • Работел како Помлад асистент и Доцент на истиот факултет
  • Неговата наставна област е во теоретско правните науки (Политичка Социологија, Социологија на Правото, Граѓанско општество)

Тања Мургоска

  • Дипломиран менаџер по бизнис и логистика и иноватор
  • Освоен златен медал на интернационалниот саем за иновации Иновамак
  • Освоен бронзен медал на саемот за иновации Макинова
  • Автор на две дела
  • Завршила академија за лидерство во Црна Гора
  • Работела како маркетинг менаџер и агент во „Информодијагностика“ – Скопје и „Стратешки маркетинг“ – Скопје

Проф. д-р
Тихомир Стојановски

  • Професор на ФДУ
  • Директор на културниот центар „Скрб и утеха – тИХа“ – Скопје, Македонија
  • Автор на двете едиции: „Лицеум“ и „Крвта Исусова“
  • Автор на преку 400 документарни филмови и емисии (учесници на 20-тина европски фестивали)
  • Има објавено преку 25 книги

Дипл. инж. агроном
Тони Тодоров

  • Успешен бизнисмен во делот на надворешна трговија на стоки во англиска, белгиска и 2 израелски компании
  • Поранешен раководител на голема земјоделска работна единица
  • Има долгогодишно работно искуство во земјоделското производство
Вклучете се во нашето единство
со пополнување на формата за Анкета/ПристапницаДоколку сакате да бидете и дел од лидерскиот тим, Ве молиме испратете ни и
Ваша слика, биографија и линкови од Facebook и LinkedIn на contact@integra.org.mk