Делегација на ИНТЕГРА во Парламентот на Нов Јужен Велс

Делегација на ИНТЕГРА во Парламентот на Нов Јужен Велс, најбогатата држава во Австралија која создава околу 700 милијарди БДП (бруто домашен производ) или половина од Австралискиот БДП од цирка 1,5 трилиони долари.

Делегацијата на ИНТЕГРА присуствуваше на сесија за пратенички прашања на Парламентот, при што добредојде на цитирам “делегацијата од Македонија” и посака спикерот на Парламентот г. Jonathan O Dea (NSW Parliament Speaker).

Денес остваривме средба и со пратеникот на Долниот дом на Параламентот г. Nathaniel Smith, потоа со Заменик премиерот на Нов Јужен Велс и Министер за регионални вести г. John Barilaro, како и со лидерот на опозициската партија Една нација, десна конзервативна партија г. Mark Latham (Former Australia Opposition Leader, Former Liverpool City Mayor and current One Nation NSW Parliament Leader).

Продолжуваме…интензивно, работно.