Нека е благословен 5. Мај – Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик!
Нека е благословен 5. Мај – Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик!
Нека е благословен споменот на легендата Блаже Конески кој е творецот на последната кодификација на македонскиот јазик, како и на сите дејци кои претходно и за време на илинденскиот период вршеа стандардизација на македонскиот јазик – Пулевски, Мисирков.
Споменот за апостолот на борбата на македонскиот народ за национална слобода и своја држава, Македонецот Гоце Делчев, како и споменот за плеадата борци за безвремената македонска идеја низ вековите, не обрзува нас денешните генерации Македонци да сме посветени на таа света должност и задача да го сочуваме наследството кое ни го оставија овие македонски колоси.
Ние од ИНТЕГРА ќе останеме нивни достојни потомци, кои цврсто и непоколебливо ќе стоиме на браникот на безвремената македонска идеја, на браникот на македонското во татковината Македонија.
Со Божја помош и со нашава ревност да сме свои на своето во своја татковина, ќе успееме и се ќе врви на добро.