Прес конференција на ИНТЕГРА во Штип 09/12/2020
ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија ги повикува младите во Штип, независно од која политичка партија се, да гласаат за кандидатот за градоначалник на Штип г. Симон Поликарп и да не дозволат повеќе други да ја одредуваат нивната судбина на бесперспективност.
ИНТЕГРА упати повик да заедно партнерски, секој во попн лидерски капацитет и ‘рамо до рамо’ бидеме додадена вредност едни за други и невозможното да ни биде на дофат, заедно да ја дораскажеме новата македонска приказна – Штип…современ, развиен градски центар, во ново руво
Има начин како, со Џими и ИНТЕГРА стануваме сите заедно дел од новата македонска ренесанса за Штип. Да го озбереме Џими за градоначалник и да покажеме и докажеме дека може и поинаку, и подобро и попросперитетно од било кога досега.