fbpx

Follow us:

a

ИНТЕГРА

Рокот за пријавување на дијаспората за гласање

Рокот за пријавување на дијаспората за гласање на претстојните избори истекува за три дена…досега се регистрирани околу половина од потребните гласови според закон.

Апел до дијаспората, нагазете овие три дена и не се мислете. Како никогаш досега во историски контекст не сме имале шанса да си ја земеме татковината во свои раце.

Нека не ве лажат сателитите на сдс дека бојкот е решение. Кога нема цензус…бојкотот е излишен и беспредметен. Останува на власт сдс…ова мислам треба да му е јасно на секој умен Македонец. Сетете се на бојкотот на изборите 1994 г. кога сдс останаа сами во влада 4 години до 1998 и кога се случија најголемите предавства дотогаш за Македонецот.

Сега само голема излезност го турка сдс од власт и само гласање за ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА…се друго ќе биде промашено. ДП*НЕ нема да го врати името, тие ќе го забетонираат за навек. Единствена политичка сила која има моќ, знаење, умеење, вештини и план…но, и која има меѓународна афирмација и ќе знае како да ги испреговара позициите на македонскиот национален стратегиски интерес сме ние од ИНТЕГРА. Не се сомневајте во ова.

Дајте го вашиот потпис за да имаме пратеници од дијаспората…покренете се, вашиот глас утре може да е одлучувачки за судбината на татковината. Станете и регистрирајте се.

Ова нашево е крик за своето…не ја пропуштајте оваа неповторлива шанса…оти утре никој во татковината нема да ви верува дека ја сакате, а не сте сакале да сторите за неа ниту гест на добра воља за да се роди нова политичка визија, нова промакедонска, автохтона, изворна, исконски наша македонска.

Сфатете дека одлуката е во наши, ваши раце…не верувајте на никого кој ви говори поинаку, дека не знам кој се ќе ви донесол власт каква нему му одговара…НЕ Е ТОЧНО.

Македонците самите ќе одлучат на овие избори каква власт посакуваат.

JUST DO IT…ПОЈДЕТЕ И РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ.

Секој прав Македонец нека го разнесе ова до стотиците илјади Македонци низ светот…и ајде да донесеме победа на македонското во Македонија.

ИНТЕГРА

МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА

Ул. Даме Груев 16-3/1
ДТЦ Палома бјанка
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 02 3155020 | +389 02 3110885 | +389 70 755 215
contact@integra.org.mk
Работно време: 09AM – 5PM

 

Follow us: