fbpx

Follow us:

a

ИНТЕГРА

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ 21/7/2020

 

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија на 21.7.2020 г. поднесе предметна тужба до Управен суд, а се однесува на изборниот процес во делот на сумирање и утврдување на резултатите од гласање на Предвремените парламентарни избори 2020.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија бара повторно спроведување на процес на пребројување на гласачките ливчиња во присуство на претставници од ИНТЕГРА и други заинтересирани страни. Доколку ова не се прифати ИНТЕГРА предлага судот да донесе одлука за нерегуларни избори за пратеници на Предвремените парламентарни избори 2020.

Имено, ДИК не беше во објективна можност да ги прикажува резултатите во реално време, од причина што сајтот на ДИК не работеше повеќе од 12 ч. Ставовите на официјалните претставници на ДИК што беа пренесени преку сите електронски медиуми, беше дека нивниот сајт е хакиран, со што не биле во можност да ги прикажуваат резултатите во реално време. Следствено, овој процес на сумирање и утврдување на резултати е контаминиран. На контаминиран процес не може да се заснива утврдување на резултати од гласање. 

 

Со почит,

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија

ИНТЕГРА

МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА

Ул. Даме Груев 16-3/1
ДТЦ Палома бјанка
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 02 3155020 | +389 02 3110885 | +389 70 755 215
contact@integra.org.mk
Работно време: 09AM – 5PM

 

Follow us: