Сооштение до јавноста по повод дивеењето и нецивилизираното однесување на навивачката група „Шверцери“ во МНТ

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

ПОВОД: – Дивеењето и нецивилизираното однесување на навивачката група „Шверцери„ во Македонскиот народен театар

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА најостро го осудува непримерното, нецивилизирано, вандалско однесување на навивачката група „Шверцери„ не ги прифаќа обидите на Зоран Заев целиот настан да се релативизира, како што не прифаќаме никакви оправдувања или барање изговори од страна на политичката елита на ДУИ за хулиганското однесување и националистичките навреди извикувани во Македонскиот народен театар.

ИНТЕГРА смета дека за овој чин на вандализам одговорност мора да има, почнувајќи од премиерот, министерот за внатрешни работи, началникот на СВР Скопје, министерот за култура и директорот на Македонскиот народен театар. Доколку за еден ваков вандалски чин, одговорните не понесат и соодветна одговорност, ќе сметаме дека на манифестираната анархија кумувал Зоран Заев, со цел да собира ситни политички поени од Албанскиот електорат.

Ова до толку повеќе што истиот тој состав од луѓе, не дозволи на хорот „Мирче Ацев„ да организира годишен концерт во Македонскиот народен театар и покрај тоа што од хорот беа спремни да ги понесат трошоците за изнајмувањето.

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА бара јавно извинување на Македонскиот народ за тоа што се случи во Македонскиот народен театар од Зоран Заев, Бујар Османи и организаторот на настанот Артан Груби.

Исто така, го повикуваме Јавното Обвинетелство случајот целосно да го истражи и согласно надлежностите, да преземе мерки против сорителите на ваквиот вандалски чин, кој без милосно уништуваа имот заеднички создаден од граѓаните на Република Македонија.