ЦК на ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА
На вчерашниот ЦК на ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА беа усвоени Изборната платформа: Новата македонска ренесанса.
Истовремено беа утврдени Изборните листи за претстојните избори 2020 и беа донесени и верификувани важни одлуки за партијата.
Во братска атмосфера, со победнички дух и лавовски менталитет за својот народ македонски и за татковината Македонија, ИНТЕГРА е подготвена за рушење на двопартиското црно бело безумие кое ги тресе душите македонски недозволово долго…скоро три децении.
Не смееме повеќе само да се надеваме дека стварноста ќе се промени самата од себе, мораме да сториме се во наша моќ, да се дадеме целосно со се’ свое за да ја донесеме на сцена Новата македонска ренесанса на прагот на третата декада на 21от век.
Нека е благословено…