ЈАВЕН ПОВИК ДО НАЦИЈАТА
ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА упатува јавен повик до секој добронамерен, искрен и чесен Македонец, за да се приклучи во процесите кои ги иницира и води лидерскиот тим со новата политичка визија за новата македонска ренесанса на прагот на третата декада на 21. век.
Партијата ги отвора вратите за секој кој цени дека во него има личен потенцијал, доволен интелектуален капацитет, но и храброст и одважност да се фати во костец со предизвиците, пред кои е исправена татковината Македонија и нашиот народ македонски.
Ве повикуваме да влезете во партнерски однос со ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, за заедно, со секој еден од вас – поединечно во полн лидерски капацитет, да станеме додадена вредност во мозаикот на македонскиот национален интерес, со крајна, високо – поставена цел – напредна и просперитетна држава и модерна нација која стаменито, гордо и достоинствено ќе чекори рамо до рамо со најнапредните нации и држави во светот.
Потребните критериуми за влез во лидерските тимови на ИНТЕГРА и евентуално на пратеничките листи на претстојните парламентарни избори 2020, се следниве:
– Препознатливост , како морални столбови, во своите животни и работни средини,
– Искрени национал – патриотски, промакедонски чувства, како и посветеност од страна на секоја душа човечка која ја прифаќа Македонија како своја татковина и е родена, чекори и твори со сето свое срце, душа, сила и разум, на ова парче света македонска земја, независно од својата етничка или верска припадност,
– Докажани во својата област на експертиза,
– Кривично неосудувани или да не се предмет во постапка на кривично-правен прогон т.е. да не се во судир со законот и
– Прифаќање на вредносните принципи и начела на доблесност и интегритет во политиката, од програмската платформа на ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, како и конзервативната вредносна – либертаријанска идеологија, со потпишување на Изјава за достојност.
Сите заинтересирани да испратат биографија со слика и кратко писмо за намери на следнава електронска пошта: leadership@integra.org.mk, да ја пополнат дигиталната анкета и on-line пристапницата на интернет страницата на ИНТЕГРА:
www.integra.org.mk
Јавниот повик е со важност од две недели, заклучно со 31 Јануари 2020 година.
ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА
Претседател
Д-р Љупчо РИСТОВСКИ