Љупчо Ристовски: Ќе ги тргнеме „шепите“ на СДСМ од џебовите на граѓаните и очите на ВМРО-ДПМНЕ од спалните соби на луѓето

Од пред една недела, македонската политичка сцена е побогата за уште една партија. Станува збор за новата умерено десна и конзервативно-либертаријанска партија „Интегра“, чиј основач и лидер е докторот на политички науки, но и на теологија, како и дипломиран економист и автор на неколку книги од наведените области, Љупчо Ристовски, човек кој е вклучен во политичките процеси буквално од првиот ден на доаѓањето на демократијата во Македонија.

Во плурализмот, кусо време беше близок до Петар Гошев, во времето кога беше лидер на СКМ-ПДП, со кого ја основаа Демократската партија, чиј кандидат за пратеник беше на изборите во 1994, кога не беше избран поради бојкот на вториот круг.

Подоцна, незадоволен од курсот кој и таа партија (од која настана ЛДП) го зазеде, се дистанцираше од партискиот живот, сѐ до непосредно пред „бомбите“, кога јавно почна да истапува со критики, како кон власта на Груевски, така и кон СДСМ, критики кои не стивнаа ни по доаѓањето на власт на Зоран Заев.

Критики кои конкретна организациска форма добија со формирањето на неговата партија Интегра, што беше повод за интервју со него.

Разговараше
Нено БОГДАН

Извор Фокус