Соопштение за медиуми во врска со претседателските избори

Во врска со претстојните претседателски избори ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА смета дека предложените кандидати не се вистинскиот избор за македонскиот народ и граѓаните на Македонија, бидејќи тие не се вистинските претставници на граѓаните, туку само партиски кандидати кои не се репрезенти на ставовите и мислењето на мнозинството граѓани во земјата. Сметаме дека ниту еден од кандидатите не ја заслужува довербата на граѓаните и не ветува иднина за просперитет и развој, не се залага за општество во кое ќе владее правото и правдата, не го става фокусот на вниманието на граѓаните и нивните потреби, но и немаат капацитет и авторитет за да го гарантираат зачувувањето на македонскиот интегритет и идентитет. Оттука ниту еден од предложените кандидати нема сила, ниту доверба од јавноста за враќање на надежта кај македонската нација и уште помалку за прекин на општата состојба на длабока разочараност и бесперспективност кој го уништува духот на нацијата. Поради сево ова, ИНТЕГРА го изразува својот став за неизлегување на изборите со што праќа јасна порака до македонската јавност, до своите поддржувачи и симпатизери дека народот нема и не смее да им даде подршка на предложените кандидати, кои не ги чувствува како свои вистински претставници за исклучително важната позиција за која се кандидираат, Претседател на државата. Неисполнување на законскиот цензус во вториот круг ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори и ново оцртување на политичката карта во која повеќе нема да доминира, погубната за нацијата црно – бела политичка слика. Периодот до новите претседателски и предвремени парламентарни избори не претставува никаква опасност за државата, затоа што позицијата ВД Претседател од страна на спикерот на Собранието, не дозволува политичко делување и носење на политички одлуки, туку само основни и привремени технички формалности. Секој обид од било чија страна за поинаков исчекор ќе биде предмет на кривично правен прогон од новата власт во Македонија. ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА