Соопштение до медиумите по повод претседателските избори 2019…

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА ги оценува претседателските избори како сериозен чекор назад во функционирањето на политичкиот систем.

Истовремено, цениме дека текот на изборите се сериозен аларм за потребата од итна и неодложна темелна реформа на политичкиот систем во насока кон промена на изборниот модел и целокупното изборно законодавство поради следниве причини:

– флагрантниот упад со злоупотреба на правото на избор на гласачите преку полнење кутии во средините со доминантно Албански население, со истовремено групно гласање, што е класична злоупотреба на гласачкото право на граѓанинот;
– флагрантниот упад во низа средини со доминантно Македонско население, со полнење избирачки кутии;
– Класично спинување преку пумпање на процентот на излезност, од страна на ДИК, применувајќи го на тој начин Ашовиот експеримент, со цел да извршат притисок врз електоратот, за да се постигне цензус; и
– СДССМ, со пораката за метлата в’сушност наложи на своите етаблирани функционери во сите ешалони да одработат во институциите и администрацијата, под притисок и закани да ги натераат вработените да гласаат.

Сето ова покажува дека изборниот процес помина со огромни нерегуларности што е основано сомневање дека е направена организирана злоупотреба на изборниот процес.

Со сторениот изборен инжинеринг во кој ВМРО одработи за СДССМ обезбедувајќи цензус, може да се заклучи дека во прашање е договор меѓу овие две партии кои три децении ни креираат црно бела слика во Македонија. Многу бргу ќе видиме што е тоа што СДССМ ќе испорача на ВМРО – ДПМНЕ за испорачаниот цензус. Исто така, многу бргу ќе ја видиме фактурата која на СДССМ ќе ја испорачаат ДУИ, Алијансата и Беса за сработеното меѓу двата изборни круга

Токму поради овие причини, ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА предлага формирање независна комисија, од страна на парламентот, а со учество на домашни и меѓународни експерти од областа, за да ги истражи сите фази од двата круга на изборниот процес.

ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА цени дека Македонија мора да започне со гласање преку отпечаток од прст, со мобилни апарати за читање отпечаток од прст и соодветен софтвер во строго-централизирана база на податоци во ДИК и во друг соодветен надлежен државен орган.

Скопје, 06 Мај, 2019 година

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА