СООПШТЕНИЕ до јавноста за сочувување на семејните вредности

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

 

Почитувајќи ги основните конзервативни вредносни постулати на традицоналното семејство како основна социјална институција за воспитување на здрави поколенија и индивидуи, ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА се залага за сочувување на традиционалното семејство и семејни вредности како највисок државен и општествен приоритет.

 

Темелејќи се на меѓународните стандарди за почитување на индивидуалните човекови слободи и права, на секоја индивидуа се гарантира правото на слобода на изразување и определби до степен додека не ги наруши правата на другите. Ваквата слобода е неприкосновена во приватната сфера, додека во рамките на јавниот живот не смее да значи нарушување на основните општествени морални постулати, и особено нарушување на достоинството и честа на граѓанското мнозинство.

 

ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, го осудува секој чин на говор на омраза, затскриен зад вредностите на екстремниот либерализам и културната мимикрија, како и активностите кои ги надминуваат границите на индивидуалните слободи во насока на рушење на основните општествени столбови на религиското достоинство и семејните вредности.

 

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА дава подршка на претстојните иницијативи во Скопје и Битола за зачувување на вистинските животни и семејни вредности. Притоа, ИНТЕГРА апелира Македонскиот народ и сите граѓани кои ќе присуствуваат на настаните да не подлегнуваат на провокации, да се воздржат од говор на омраза и да ги зачуваат основните христијански принципи на толеранција и љубов кон другите.

 

 

Скопје, Јуни, 2019 година

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА