СООПШТЕНИЈЕ против одлуката на СДССМ за финансирање на промена на полот

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА НАЈОСТРО СЕ ПРОТИВИ НА ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА НА СДССМ И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДА ГИ ФИНАНСИРА ХИРУРШКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОЛОТ.

 

ОВА ОСОБЕНО АКО СЕ ИМА ПРЕДВИД ДЕКА ГОЛЕМ БРОЈ ПАЦИЕНТИ ВКЛУЧИТЕЛНО И ДЕЦА СО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ БОЛЕСТИ СЕКОЈДНЕВНО БАРААТ ДОНАЦИИ ВКЛУЧУВАЈЌИ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ И ЈАВНО ОБЈАВУВАЈЌИ СМЕТКИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ, БИДЕЈЌИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ГИ ПОКРИВА ТАКВИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО.

 

ВЛАДАТА НА СДССМ И МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЗАБОРАВААТ ДЕКА ПРОМЕНАТА НА ПОЛОТ Е ЛИЧЕН ИЗБОР, НЕШТО КАКО ПЛАСТИЧНА КОРЕКТИВНА ХИРУРГИЈА, НЕ Е БОЛЕСТ, А УШТЕ ПОМАЛКУ ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА БОЛЕСТ.

 

ТОКМУ ЗАТОА, ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА БАРА ИТНО ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТАКВАТА ОДЛУКА, ИТНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕФОРМИ ВО АТРОФИРАНИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ, ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА ДОБИЈАТ КВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ, А ФОНДОТ ДА ГИ ФИНАНСИРА ИНТЕРВЕНЦИИТЕ ЗА ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИТЕ БОЛЕСТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ.

 

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА И НАТАМУ ЦВРСТО СТОИ НА ПОТРЕБАТА ОД НЕГУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ ВО ОПШТЕСТВОТО, ПРИ ШТО СИТЕ ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА СЕ ВО НИВНА ФУНКЦИЈА, А НЕ НА СМЕТКА НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ДА СЕ ФИНАНСИРААТ ЛУБРИКАНТИ И КОНДОМИ ЗА ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА И ДА СЕ ПОКРИВААТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА ПОЛОТ.

 

ОЧЕКУВАМЕ ДЕКА ВЛАДАТА НА СДССМ ИТНО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ ВАКВАТА СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА, КОЈА ГОВОРИ ЗА БЕЗИДЕЈНОСТА, НЕ ПРОФЕСИОНАЛНОСТА, И НЕ СПОСОБНОСТА НА МИНИСТЕРОТ И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА ВИСТИНСКИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА СООДВЕТНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ПРИ ШТО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО СЕ КОРИСТИ САМО КАКО АЛАТКА ЗА РАСИПНИЧКО ТРОШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДЕНАР.

 

 

Скопје, Јуни, 2019 година

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА