ИНТЕГРА крводарителска акција

ИНТЕГРА Македонска конзервативна партија организира крводарителска акција која ќе се оддржи на 6 јули во просториите на партијата во ТЦ Палома Бјанка 3 кат, од 10 до 13 часот. Акцијата се организира во соработка со Црвен Крст на Република Македонија, општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина.
Целта на крводарителската акција е членовите на ИНТЕГРА на дело да ја покажат својата хуманост и желбата за помош на сите на кои им е потребно дарување на крв.