СООПШТЕНИЕ за безумието на владата на СДССМ

Додека секојдневно ја тресат нови скандали за корупција и непотизам, сега надополнети со
дипломатско бламирање од епски пропорции, Владата продолжува со својата „северна“ политика,
заложувајќи го националното достоинство на Македонскиот народ. Легитимитетот кај
Македонскиот народ одамна е изгубен, а единственото кое и преостанува е наклонетоста на
меѓународната заедница. Оттука, очигледни се напорите за интензивирање на спроведувањето на
Преспанскиот договор, како единствен влог, кој може оваа гарнитура на безидејност и висока
коруптивност, да ја одржи на власт.

ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА во основите на својата Програмска платформа во однос на договорот од Нивици има јасен став за штетностa на делови од неговата содржина, дека истиот не нуди соодветни решенија и претставува извор за пролонгирана конфликтност. Ваквите
состојби се на повидок со очигледното инсистирање на владејачките гарнитури да го исполнат и она
што не го ветиле. Ја прашуваме власта, како акти за внатрешна употреба, за чија промена самите
предвиделе административен рок од 5 години од отворањето на соодветните поглавја за членство
во ЕУ, се северизираат со забрзан интензитет? Несмасноста оди дотаму, што се прекршуваат
соодветни процедури, како во случајот на издавањето на свидетелства во училиштата или промена
на печатите на универзитетите со нов назив „северна“ пред статутарните промени со новиот назив
да бидат усвоени од Собранието на Република Македонија?

ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА исто така забележува за отсуството на посериозни
реакции на оркестрираното забрзано национално обезличување на Македонскиот народ, на
опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што уште еднаш го потврдува нивното соучесништво во ваквите
процеси.

Основното прашање е до кога меѓународната заедница ќе ги подржува ваквите гарнитури и
политички елити, кои за својата неспособност алибито го бараат кај западните демократии. До кога
ќе се толерираат подместувања од типот на „ненамерна“ грешка при изведувањето на химната, или
едногодишни телефонски разговори за чувствителни меѓународни прашања со група на
комедијанти. ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА и порачува на власта дека
секојдневното ИЗВИНИ до небо не е доволно и дека е време за заминување на оваа гарнитира,
формирање на надпартиска влада и распишување на нови избори.

Скопје, 9 Јули, 2019 година

ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА