Работна средба со извршниот директор на ECPM

Плодна работна средба во просториите на ИНТЕГРА со извршниот директор на Европското христијанско политичко движење (ECPM – European Christian Political Movement), Leo Van Doesburg…

ИНТЕГРА продолжува со меѓународно вмрежување и со ширење на своето влијание и градење пријателства за Македонија и македонскиот народ. Горд сум што сите мои меѓународни пријатели и влијателни фактори во конзервативна Америка, Британија, Европа и Израел немаат ниту грам проблем со Македонија и со нас Македонците, ако вие истапите пред нив со здрави и моќни аргументи водени од љубовта кон својот народ и кон татковината Македонија.

Главата горе…ќе си ја вратиме татковината и ќе ја престориме во горда, достоинствена и просперитетна држава.

Единствен услов е да го возбуркаме македонскиот моќен крвен запис и лавовското во нас Македонците…и без грам комплекс на пониска вредност да ја понесеме на плеќи новата македонска ренесанса во третава декада на 21-от век.