Формиран е Македонскиот национален совет на ИНТЕГРА за Америка и Канада

Формиран огранокот на ИНТЕГРА за Америка и Канада, со седиште во Њу Џерси.

Главен координатор и в.д. претседател на Македонскиот национален совет на ИНТЕГРА за Америка и Канада – Златко Блажески, дипломиран политиколог – дипломатија и меѓународна политика.

Генерален секретар на Советот на ИНТЕГРА во Америка и Канада е Кирил Ангелоски, дипломиран економист.

Тимот од 12 првенци е во фаза на оформување од угледни Македонци од северноамериканскиот континент, професори, бизнисмени, влијателни културни и спортски работници и млади посветени професионалци од повеќе области. Фала на Бога интересот за вклучување во процесите кои ги води ИНТЕГРА во татковината е брзорастечки…