ИНТЕГРА зема активно учество на Изборниот конгрес на македонската политичка партија во Република Албанија

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија зема активно учество на Изборниот конгрес на македонската политичка партија во Република Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, кој се одржа на 07.9.2019 година во Тирана, Албанија. На конгресот во име на ИНТЕГРА се обрати академик д-р Стојан Велкоски кој на бројните присутни им посака успешна работа, а во делегацијата на ИНТЕГРА беше присутен и Кире Миновски, член на Лидерскиот тим.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија му го честита изборот за Претседател на партијата на Васил Стерјовски, со порака дека ИНТЕГРА секогаш е рамо до рамо со македонците во Република Албанија, како и во соседните земји и насекаде низ светот кои се залагаат за опстој на безвремената македонска идеја.