ИНТЕГРА – МКП Ви честита 8- ми Септември

 
ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8- ми Септември, денот на независноста на Македонската држава. Почитувани граѓани на Република Македонија, нека ни е честит 8-ми Септември, денот на Македонскиот трет Илинден, денот кога граѓаните на Република Македонија, јасно и недвосмислено се определија за слободна, независна, самостојна и суверена држава – Република Македонија.

ИНТЕГРА честитајќи го денот на независноста, ги повикува граѓаните на Македонија на сплотеност за македонската кауза, за континуитет на македонскиот народ за зачувување на македонската идеја за самобитност, опстојување на безвремената идеја за слобода, просперитет и самостојност. Како никогаш до сега, соочени сме со премрежја на загрозен развој на македонската историја, култура, јазик; соочени сме со предизвици за сочувување на македонската идеја, јазик, култура, културно наследство и се што е дострел на македонската идеја низ вековите до денес.

Нека ни е честит празникот и нека Господ Бог ја благослови Македонија и македонскиот народ.