Честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

На 23 Октомври 1893 година, во Солун се роди нова сила, МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ како континуитет на идеите, отпорите, самосвеста и непокорот. Тоа се темелите и вековната желба , за остварување на сонот и идеалите за Македонска држава .

Како продолжување на заветот на многу македонски револуционери и визионери во битката за слобода, за своја независна, самостојна држава на југот на Европскиот континент, имаме аманет ова парче земја да го зачуваме, развиваме, градиме и оставиме на нашите поколенија со единствена цел континурано и беспрекорно да се афирмира македонското име, идентитет, достоинство, историските, културните, традиционалните и цивилизациски вредности.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, им го честита 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба на целиот македонски народ во нашата татковина и насекаде низ светот, како и на сите граѓани во нашата држава, упатувајќи најискрени пораки и желби за силна, угледна, стабилна, богата, просперитетна, независна и непокорна Република Македонија.

ИНТЕГРА, 22 октомври 2019