ИНТЕГРА - Македонска Конзервативна Партија утре 03 Јули 2020, со почеток во 11.55 ч. ќе одржи Прес конференција на тема: „Злоупотреба на изборниот процес и спречување на кампања на ИНТЕГРА од страна на ДП*НЕ и МВР.“ ИНТЕГРА поднесува кривична пријава против Наќе Чулев, Христијан Мицковски за основано сомневање за злосторничко здружување за изборен криминал - со цел спречување на легитимен политички субјект да води кампања во изборен процес.Втората тема на која ќе се обратиме е продолжената нацрт преговарачка рамка за меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во ЕУ.На прес конференцијата ќе говори лидерот на ИНТЕГРА д-р Љупчо Ристовски и меѓународниот секретар м-р Михајло Свидерски.Прес конференцијата ќе се одржи во просториите на партијата и ќе може да се следи на официјалната Facebook фан страна, YouTube каналот и на официјалната веб страница https://integra.org.mk/
Posted by ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија on Friday, July 3, 2020