fbpx

Follow us:

a

ИНТЕГРА

ИТНО СООПШТЕНИЕ! ИНТЕГРА БАРА ИЗБОРИ НА 14ти ЈУНИ!

Во услови на прогласена вонредна состојба, кога функционира т.н. техничка влада, која е измислица на некои ликови т.н. лидери на четири “најголеми” парламентарни партии, за која не постои никаков Уставен основ, со мандат да ги подготви и спроведе изборите, во време на прогласена вонредна состојба, Пратениците кои го вратија својот мандат заради спроведување на закажаните предвремени парламентарни избори што требаше да се организираат на 12. Април, сега собираат потписи за повторно свикување на законодавниот дом.

Се поставува прашање по кој основ тоа се прави и со кој мотив?!
Претседателот Пендаровски прогласи и втори триесет денови вонредна состојба во време кога Собранието е распуштено, а Одлуката за првите 30 дена прогласена вонредна состојба не е потврдена во законодавниот дом.

Во триесетите дена вонредна состојба, т.н. техничка влада, наместо да се фокусира на мерките кои треба да ги ублажат последиците од здравствената криза која на долг рок многу повеќе претставува економска криза, се бавеше со се и сешто, а најмногу со зацврстување на оние фундаменти кои ќе треба да и обезбедат на позицијата привилегирана положба на претстојните парламентарни избори.
Од преку 120 донесени Уредби со законска сила едвај четириесетина имаат непосредна врска со причината заради која е прогласена вонредната состојба, а две третини од Уредбите се се’, но не тоа за што т.н. техничка влада има мандат.
Од тука, сосема логична е потребата на позицијата, набрзина да се свикаат, да ги потврдат и законски покријат првите и вторите триесет дена вонредна состојба за која постои уставна недоречености, како и да се покријат и озаконат манипулациите што ги прави т.н. техничка влада.
Но не се во прашање само манипулациите со Уредбите со законска сила, во прашање се јавните набавки во период на вонредна состојба; вработувањата во јавната администрација; триењата во владата од типот технички министер, заменски министер и т.н.

Целава приказна личи на измешани лончиња во кои не може да се препознае што е повод, што причина, а што последица.
Од тука, ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, апелира на политички одговорен однос, ја повикува позицијата на чело со СДС и ДУИ, дополнително да не ја заплеткува уставната рашомонијада во која самите влегоа; на 18. Мај да заврши овој период на вонредна состојба, за да може ДИК да објави нов роковник за изборните активности, една недела подготовка на партиите, изборна кампања од 26. Мај, со нов датум за предвремени парламентарни избори на 14. Јуни.
Новиот состав на Собранието, ќе ја цени целисходноста на Одлуките на претседателот за прогласување вонредна состојба и секако Уредбите на т.н. техничка влада.

На Република Македонија повеќе од потребна и е нова, политички одговорна влада со редовни Уставни надлежности и овластувања, а секако и Собрание со политички одговорни пратеници, а не со пратеници кои се алатка во рацете на политичките елити, а не обратно.

ИНТЕГРА

МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА

Ул. Даме Груев 16-3/1
ДТЦ Палома бјанка
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 02 3155020 | +389 02 3110885 | +389 70 755 215
contact@integra.org.mk
Работно време: 09AM – 5PM

 

Follow us: