Работна средба со претставници на мисијата на OSCE (ОБСЕ) во Македонија

Тимот на ИНТЕГРА, на 15ти Јули оствари работна средба со претставници на мисијата на OSCE (ОБСЕ) во Македонија.

На средбата беа презентирани програмската визија и платформа на партијата и беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во Македонија, вклучително и особено за медиумските слободи и пристапот до националните медиуми за вонпарламентарните партии, како и за консолидорање на иницијативата за нов изборен модел и разигрување на политичкиот систем и ослободување на политичкиот простор за нови политички визии и нови ликови во политиката.