Интерна обука за Дигитален Маркетинг

integra mk

На 3.11.2019 год во организација на Интегра – Институт за вредноснa и доблеснa политикa беше одржано предавање од страна на Игор Матески на тема ,,Од идеја до мерливи резултати,,. Предавањето опфати теми од областа на дигиталниот меркетинг, структурирање на пораки, изработка на програмски рамки на дефинирање на проблемот и др. При тоа темите беа поткрепени со статистички податоци, примери од практичното работење, case study од различни области и сл. Предавањето предизвика голем интерес кај слушателите, кои активно се вклучија во дискусијата анализирајќи различни состојби и процеси. Интегра- Институт за вредносна и доблесна политика во наредниот период најавува одржување на обуки и семинари на исти или слични теми.

integra sostanok

integra