СКАНДАЛОЗЕН ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ЛИДИЈА РИСТОВСКА: Државата ги уценува и ги ограбува приватните доктори-специјалисти, кои решиле да останат во Македонија и да работат во мрежа

72000 – 45500 = 26500

Оваа математика е СКАНДАЛОЗНА. Ја започна режимот на Груевски, ја преземаа и продолжија новите режимски незнајковци од СДСМ и министерот Филипче лично. И потоа се прашувате зошто имаме најлошо здравство на светот, зошто имаме највисоки стапки на смртност, највисок раст на најтешки дијагнози и најниска старосна граница во поширокиот регион. Нацијата ни е болна и ни умира, а министерот Филипче мува не го лази. Каде оди македонското здравство?

ЛЕКАРИ НЕМА, а оние кои се охрабриле самите да си го финансираат образованието во повисоките нивоа на здравствена заштита (специјализации и супспецијализации), кои самите вложуваат во опрема, кадар и простор за работа, значи не се на товар на државата во ниту една фаза од својот професионален развој, соочени со нискиот животен стандард на македонските граѓани и неможноста тие да платат за приватна специјалистичка и супспецијалистичка услуга, се одлучуваат да започнат соработка со Фондот за здравство со единствена цел да им бидат достапни на пациентите со висококвалитетна здравствена услуга, во одлично опремени деловни простории, со врвна медицинска опрема, во интерес на пациентите и на својот личен професионален развој. И притоа наидуваат на Берлински ѕид.

За тој обид лекарите специјалисти мораат да плаќаат на министерството скандалозна сума, тоест договорената месечна сума за квотата на извршени здравствени специјалистички услуги која патем е безобразно ниска и изнесува 72.500,00 ден. ја враќаат назад на министерството за здравство, во еден дел, на име концесија за вршење на бесплатна здравствена услуга, дел кој изнесува безобразно високи 45.500,00 ден. на месечно ниво, во просек од последните јавни наддавања, а во некои случаи претходно и значително повеќе, што е енормно висока сума, повисока и од концесијата за експлоатација на злато во Македонија.

За што се работи:

Груевистичкиот Закон за здравствена заштита, преполн со љубомора и завидливост кон докторите, за случајно некој да не се збогати и “крене глава“, донесен во 04/2012 година процедурата за влез во мрежа ја направи тендерска. Значи, го воведе принципот КОНЦЕСИЈА за работа во мрежа на даватели на здравствени услуги…тоа се пари кои не се за кирија, кои не се за персонал, не се за лиценцата за работа,  туку пари кои докторот му ги плаќа на МЗ за да ја работи дејноста, значи ПАРИ КОИ ОДАТ ВО ВОЗДУХ.

Замислете, што се треба да жртвува еден доктор, за да работи бесплатно за пациентите:

Треба и мора да плаќа огромна сума, инаку ќе му се одземе правото да ги лечи пациентите бесплатно. Докторите се уценети од Министерството за здравство и министерот Филипче.

Спецјалисти НЕМА…и се помалку ќе има…Следниот оглас кој ќе биде распишан за влез  во мрежата , доколку се изврши информирање на СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДОКТОРИ за влез во истата, ќе доведе до ист ефект, а сумата за концесија при јавното наддавање ќе отиде и над 100.000 ден. на месечно ниво. Сите млади специјалисти, кои оваа и наредните години ќе завршат со своите специјализации се принудени или да работат во државното здравство за 28.000,00 до 33.000,00 ден. плати во просек по дејности, или да си заминат во странство, оти за нив влезот во приватното здравство е невозможна мисија, дури и ако самите би сакале или имале храброст да влезат во секундарниот дел на здравствниот бизнис.

Совет до сите млади лекари: со овој закон вие немате апсолутно никаква перспектива за личен раст и професионален развој во Македонија, а камоли да бидете задоволни од постигнатото во својот живот, од дејноста за која во системот на образование сте го вложиле најубавиот дел од животот, 6 +1+ 4 + 2 = 13 години.

И НИКОЈ НЕ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ДА РАСЧИСТИ СО ОВОЈ САДИЗАМ !!!

НИТУ ПРЕМИЕРОТ, НИТУ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО и НИТУ ЛКМ, кои заедно мора и треба да ги штитат докторските интереси. Никој од чинителите во ресорот здравство нема преземено ништо и покрај бројните дописи и укажувања – значи сите до еден го одобруваат овој САДИЗАМ со лекарите специјалисти и супспецијалисти.

ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ ДО ПРЕМИЕРОТ: КАКО ДОЗВОЛУВАТЕ ВАКОВ ФЕНОМЕН, МОЖЕБИ ЕДИНСТВЕН ВО СВЕТОТ??? ВИЕ ЛИЧНО ВЕТИВТЕ 100.000,00 ден плата за супспецијалистите, а на овие доктори им остануваат само 26.500,00 денари, од кои мораат да платат: кирија, струја (индустриска), вода, придонеси и плата за себе и сестрата, материјални и други трошоци.

НЕПРАВДА од невидени размери. Да стануваше збор за концесија за експлоатација на злато или некој друг минерал, во дејност која е пред се високо профитна, некако човек и може да разбере, но да плаќате концесија за да обавувате бесплатна здравствена дејност за високо ризични пациенти, тоа е НОН СЕНС и маестрална глупост.

Др. Лидија РИСТОВСКА
Супспецијалист кардиолог/Специјалист интернист

Член на ЦК на ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА, комисија за здравство

Скопје, 23. 07. 2019 година