ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА
“Доколку ми се даде eден час за да го спасам светот, 55 минути би посветил на дефинирање на проблемот, а 5 минути во изнаоѓање на решението“ Алберт Ајнштајн
Едно од најкруцијалните прашања со кои сме соочени денес, како Македонци, е прашањето за суштинско детектирање на изворот на сите проблеми со кои сме соочени како нација и држава, не само во историски контекст, туку особено во изминативе 29 години самостојност и независност како суверена држава на македонскиот народ. Се́ додека како нација не и́ погледнеме на вистината во очи и не се соочиме со нејзината суровост, колку и да боли, ние не ќе имаме сила да се справиме со предизвикот на изнаоѓање на вистинските излезни решенија, кои не само би можеле да не вратат во нормала, како просперитетна нација и држава, туку и би имале потенцијал за да ни ја вратат славата на Македонија и Македонците од древни времиња.
Македонскиот народ никогаш не престанал да сонува, но и никогаш не згаснал поривот во нашето срце за слобода, за прогрес и просперитет на татковината, за достоинствен живот, за свои на своето во своја татковина.
Ако по нешто сме останале забележани во историјата тоа е проклетството на делби и поделби, проклетството на сеење на раздори помеѓу браќа, кое е една од седумте најомразени работи на Господа, според Библијата. Уште од времето на цар Самоил и легендарниот бој со неговиот братучед Василиј Македонецот, изреката “брат на брата очи вади“ е позната насекаде низ светот. Прашење на кое денес, ние современите Македонци мораме да дадеме одговор, сега, веднаш, без ни миг одложување е: До кога? До кога сеење на раздори помеѓу браќа? До кога ќе Му предизвикуваме чувство на омразеност на нашиот Бог, Господ и Спасител Христос, со нашите постапки едни кон други? До кога?
Секој миг одложување на решението ќе значи повампирување на сите екстремизми дома и во соседството и пошироко, ќе значи понатамошно слабеење на македонската безвремена идеја и ќе значи добивање на стигма дека ние, денешните современи Македонци сме најслабата генерација Македонци во историјата на постоење на современа Македонија, генерација која сме дозволиле, во услови на слобода да ја изгубиме татковината и да исчезнеме неславно од светската мапа на народи иации.
На овие премиси, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија ја подготви изборната платформа 2020: “Нова македонска ренесанса“, на прагот од третата декада на 21-от век. Република Македонија се наоѓа во најчуствителниот период од своето постоење како независна и самостојна држава, соочена со сериозни предизвици по својот опстанок и по перспективите на своето постоење како држава на македонскиот народ и на останатите етнички заедници и малцински групи. Сериозно долг период наназад, екстремизмите внатре и однадвор вршат силен притисок врз идентитетскиот корпус кај македонскиот народ, со крајна цел да се избрише од каратата на современа Македонија, политичкиот суверенитет на Македонската нација врз територијата Македонија, врз базичната идентитетска одредница – македонскиот јазик и врз пакетот на идентитетски одредници – македонската историја1, култура и духовност. Истовремено, притоа екстремнстичкиот притисок цели и да се прекине континуитетот на вековната борба на Македонскиот народ за национална слобода и своја држава, која борба е крунисана во име и за сметка на државата Република Македонија.
1 Мудроста вели … покажете ми ја вашата историја и јас ќе ви ја пророкувам вашата иднина
ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА одважно, храбро и со љубов за својот народ и татковина застанува стаменито на браникот на заштита на овие безвремени национални интереси на македонскиот народ. За оваа наша безвремена автохтона и изворна македонска политичка визија бараме партнерство и доверба од Македонскиот народ, како и од сите лојални државјани на Република Македонија, кои ја сметаат за своја татковина и кои имаат разбирање и почит за оваа неправда кон нас Македонците. ….
ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА
Република Македонија на прагот на третата декада на 21-от век се соочува со сериозни процеси на назадување скоро во сите сфери на општественото живеење. Достоинството на обичниот човек, на нацијата во целина и на татковината Македонија е сведено на најниски можни граници во историјата на независна и самостојна Македонија. Мирисот на велепредавството се шири како неподнослива реа, од која умот му се заматува на секој добронамерен Македонец.
Во скоро сите триесет години на независност и самостојност на татковината, властите се мачат и гушат во нивните глупости, во немоќта да понудат извесна перспектива на нацијата и државата. Триесет години се третина век. Третина од нашиот животен век како да испари во воздухот, како во некој сон…маки, страдања, беспаќа, небиднина, наведнати глави наоколу нас, натажени ликови, изгубена надеж…на секој чекор околу нас.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како сестри близначки се заљубени во злото и едни со други општат со него како со свој верен и лојален партнер. И како што обично бива – злото си раѓа зло. Тие две партии го размножија злото во Македонија до невидени размери. Не постои период во кој мојот народ македонски имал мир и спокој како што доликува на стаменити и достоинствени нации. Колку пати досега сме заклучиле дека сме го достигнале дното, а потоа сме се покајале за нашиот оптимизам, надевајќи се дека дното е до тука. Но, не било така.
ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА е производ на крикот на нацијата за насушната потреба за радикален пресврт во секоја сфера на општественото живеење. Крик на нацијата за потребата од целосна метаноја на умот на нацијата, свртување за 180% од фокусот кон злото, на фокусот кон добрината, милоста и Христовата агапе пожртвувана љубов кон тој до нас, свртување од злото кон доброто. Нашите погледи да ги впериме кон повисоката перспектива, за да во големата слика ги внесеме сите ранливи категории на граѓани, но и́ секоја душа човечка која е родена, чекори и твори на ова парче света македонска земја, а е на било кој начин изиграна или разочарана од страна на државата и на нејзините сервиси.
